• Sat. Nov 23rd, 2024

(Видео) Том и Џери добиваат игран филм и се селат во Њујорк

Едни од најпопуларните ликови на цртаните филмови ќе оживеат на големото платно и ќе ги донесат своите лудории во Големото јаболко.

Класикот за мачката и глушецот, кои постојано се бркаат, добива хибридна филмска форма.

езвременската приказна за борбата на мачорот Том и глушецот Џери, која со години секој ден влегуваше во нашите домови преку малите екрани, се претвора во хибрид од анимиран и игран филм.

Хибридот веќе се снима, со Тим Стори на режисерскиот стол. Во актерска екипа се Клои Морец, Мајкл Пена, Роб Делејни, Кен Јонг и Колин Џост од „Сатрдеј најт лајф“.

Продукцијата го снима реалниот свет, а Том и Џери ќе бидат додадени со анимација – комбинација што ја видовме во филмот Who framed Roger Rabbit.

Мачката и глушецот нема да имаат гласови, туку нивната интеракција претежно ќе се сведе на физичка комедија. Од „Ворнер брос“, всушост, сакаат да ја тестираат можноста на паралелна работа на екипите на терен и на аниматорите.

Според трејлерот на филмот, со наслов „Том и Џери“, вечните непријатели го селат своето 80-годишно ривалство во хотел во Њујорк, каде што ќе се случи голема свадба.

Некои сцени се познати и личат на оние што веќе сме ги гледале во кратките цртани филмови – како Џери голта цели маслинки или го треска Том со прозорецот. Трејлерот е дефинитивно модерен изглед со нови шеми, но носталгијата останува.

Премиерата на филмот е предвидена за 5 март 2021 година.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *