• Fri. Nov 22nd, 2024

Видео – Средношколците од Никола Карев ,,подобри,, од вистинските советници во Советот

Средношколците од ,,Никола Карев,, од Струмица, во рамките на проектот ,, Општина по мерка на децата,, симулираа работа на Советот на Струмица. Поделени во жолта и бела политичка партија (позиција и опозиција) тие дебатираа и носеа одлуки за спортот, културата и работата на нивното училиште. За вистинскиот претседател Јосиф Христов средношколците покажале далеку поконструктивен пристап во работата на Советот за разлика од нив кога имало и расправии, контра реплики и политичко надмудрување.

,,Јас сум изненаден од добрата соработка и координација што ја покажаа децата како советници.Ова се вика успешна координирана седница на Совет. Мислам дека од овие деца, некои, за неколку години ќе се најдат како вистински членови на Советот,, рече Христов

Седницата функционираше со сите нишани, имаше од претседател до градоначалник , од секретар до записничар, со повикани гости за предлог одлуките, но и граѓани-набљудувачи. Средношколците дебатираа каква треба да биде програмата за култура, спорт а најмногу се задржаа за бројот на ученици по паралелки каде советниците од двете партии беа едногласни дека бројот треба да биде намален

,, Целта е младите да се вклучат и да ја почуствуват работата на Советот на општина Струмица и општинските органи со цел да се иницираат да бидат активни во креирањето на локалните политики. Тие седницата ја подготвуваа цел месец и се запознаваа како функционира советот но и општинската админситрација,, рече Танкица Таукова од Центарот на заедницата на Струмица подржан од Фондацијата отворено општество на Македонија.

Вакви симулации на работата на Советто на општина Струмица ќе има и со останатите средни училишта и ќе имаат за цел младите активно да се вклучат во носењето на општински одлуки што се во нивен интерес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *