• Fri. Nov 22nd, 2024

Видео- По дожд пешачеа и трчеа по Беласица 80 километри за да ги видат сите убавини

Околу 150 Македонци и Бугари минатиот викенд пешачеа и трчеа по Беласица за да ги запознаат убавините на ова ова планина при што ги искачуваа врвовите ,,Сечена скала,, на македонска територија висок 1785 метри надморска височина и врвовите ,,Радомир,, и ,,Конгор,, на бугарската страна.

Целата патеката беше долга 81,4 и ја истрчаа најупорните кои тргнаа од струмичкото село Смоларе и преку граничниот премин Ново село до бугарското село Срт за да финишираат во Петрич. Трката ја организираа членовите на планинарското друштвото Еделвајс од Струмица и клубот за екстремни спортови ,,Белаекстрим,, од Петрич

,,Немавме многу среќа. Беа пријавени околу 350 учесника но заради лошото време дел се откажаа. Имаше дожд снег и ветар но најупорните стасаа. Како организаторит   на првиот ,, Belasica Sky Ran,, на сите учесници им честитам на храброста, желбата да се поминат сите тие километри . За жал заради времето  останаа многу убави глетки од Беласица невидени, многу убави реони неистражени,, вели Ристо Киров од ,,Еделвјас,,

Учесниците имаа можност трчејки и пешачејки да ги видат природните реткости но и културно историските локалитети на  Беласица од двете страни

Од бугарска страна пак по Беласица имаше трки со велосипеди со цел да се презентираат убавините на ова планина и да се афирмира за велосипедски прошетки.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *