Во Центарот за култура „Антон Панов“ синоќа се одржа деветото по ред издание на фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“. Песни за љубовта, меракот, копнежот кои се подзаборавени беа на репертоарот на повеќе хорови, ансабли и културно уметнички друштва кои го негуваат стариот македонски мелос. Нивната порака беше да не се заборават песните кои белег на нашите предци