• Fri. Nov 22nd, 2024

Видео: Конститутивната седница се одржува со зајакнати мерки за заштита од коронавирусот

Конститутивната седница на новиот парламентарен состав се одржува под зајакнати мерки за заштита од коронавирусот. Пратениците веќе почнаа да пристигнуваат во Собранието, каде што задолжителни се носењето маски и употребата на средства за дезинфекција, а на влезот им се мери и температурата пред да им биде дозволен влез во зградата на парламентот.

Поради неопходноста од одржување растојание меѓу пратениците, конститутивната седница ќе се одржи во Големата сала на Собранието, односно во салата позната како Големата купола. Гласањето ќе се одвива рачно, со картончиња.

Досегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, кој беше хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, вчера излезе од болница и рече дека ќе претседава со седницата.

Според Уставот, претседателот Стево Пендаровски е должен да му го довери мандатот за формирање влада на кандидатот на партијата или партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот потоа има рок од 20 дена да формира влада. Ниту една партија го нема потребното мнозинство.

На предвремените парламентарни избори што се одржаа на 15 јули СДСМ освои 46 пратенички мандати, ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, коалицијата АА и Алтернативата – 12, Левицата два и еден ДПА.

https://www.facebook.com/watch/?v=633851647235648

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *