Иселувањето на младите последниве години предизвика голем број парцели со квалитетно земјоделско земјиште да останат запуштени. Во отсуство на официјални статистички бројки се претпоставува дека една четвртина од струмичкото поле во приватна сопственост стои необработено а на кое може да се произведува храна. Во пресрет на прoлетната сеидба цели парцели се обраснати со трева и грмушки