Огласот за јавна набавка за изградба на социјалната населба над Струмица кој беше објавен завчера ќе трае до 15 ти септември до кога економските оператори треба да ги достават своите понуди и потврди за исполнување на условите. Сите фирми што ќе ги исполнат условите потоа ќе одат на јавна аукција. Ова значи дека идниот месец можно е да се знае кој ќе гради првата фаза од овој проект чија проценета вредност чини 90 милиони денари без ДДВ. Станува збор за прва фаза каде ќе се гради сообраќајна инфрастурктура, потпорна констуркција, улично осветлување и атмосферска и фекална канализација.