На магистралниот пат Струмица – Ново Село, пред влезот во селото Босилово се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина возач на автомобил. Возачот со воизилото Фиат Бравиа поради непознати причини излетал од патот и удрил во дрво.
Поради сериозноста на повредите возачот починал на самото место. Увид направи полицијата која треба да ги соопшти и причините поради кои дошло до трагедијата.