Здружението Полимат ги презентираше активностите кои ги реализираше на подрачјето на општина Богданци во соработка со Македоснкото еколошко друштво. Фоскуот им беше заштита на растението Меурест Козинец кое во земјава го има само во општина Богданци
,,Изминативе три години ПОЛИМАТ 13 работеше на промоција и заштита на подрачјето каде вирее Меурестиот козинец, растение кое е од големо значење и национална вредност. Во рамките на проектот беше изработен мурал со растението во градскиот парк, во срцето на Богданци. Исто така, беше означена патека на козинецот на околните ридови со поставување на три табли од информативен карактер кои опфаќаат податоци за астрагалусот, за флората и фауната која го карактеризира Значајното растително подрачје „Богданци“. Меурестиот козинец се наоѓа на Националната Црвена листа на Р С. Македонија како критично загрозен вид,, информираа од здружението
Инаку со реализација на овој прокет беа зајакнати капацитетите на ПОЛИМАТ 13 за редовен мониторинг и мерки за зачувување на меурестиот козинец односно астрагалусот. Инаку преку истражувачките активности на здружението беше пронајдено уште едно ендемично растение, Centaurea rufidula, па можеме да кажеме дека подрачјето на територијата на општина Богданци има природни реткости кои се од големо значење за националниот биодиверзитет. Проектот Зачувување на ендемичните растенија во Македонија е финансиран од Critical ecosystem partnership fund.