Во организација на струмичките одбојкарски прволигаши, одбојкарските клубови Виктори и Наковски Волеј во петок сабота и недела во салата при СОУ ,, Димитар Влахов,, ќе се одржи празничен меѓународен турнир во женска одбојка по повод Денот на независноста и Денот на ослободување на Струмица
На турнирот освен струмичките клубови учество ќе земат и екипите на Партизан од Белград соседна Србија но и шампионот на Албанија тимот на УМБ од Тирана. Еве го распоредот на натпревари
Петок – 7.09
18:00 ОК Наковски волеј- ОК Виктори волеј
19:30 Свечено отварање на турнирот
20:00 ОК Партизан Белград – ОК УМБ Тирана
Сабота 8.09
18:00 ОК Виктори Волеј – ОК Партизан Белград
20:00 ОК Наковски Волеј – ОК УМБ Тирана
Недела 9.09
10:00 ОК Виктори Волеј – ОК УМБ Тирана
12:00 ОК Наковски Волеј – ОК Партизан
14:00 Свечено затворање на турнирот