Вечерва во Дојран стартува тридневниот фестивал на рибата и виното. Станува збор за прв ваков фестивал кој има за цел да ги презентира презентирани традиционалните рецепти исклучиво од риба од Дојран приготвени од локалните угостителски објекти и мештани. Паралелно ќе се точи и вино од повеќе винарии од земјава. Фестивалот како што кажа градоначалникот Анго Ангов има за цел да ја збогати туристичката понуда во Дојран но и да се понуди поголема забава на посетителите со музичките концерти
Вечерва на програмата се концертите на Влатко Стефановски и Влатко Лозановски , утре свои концерти ке имаат Љубојна и дуото Шајн додека во недела гостите и посетителите ќе ги забавуваат Џубокс бенд и Тајзи . Сите концерти започнуваатво 21 часот на плоштадот ,,Под јаворите”
На фестивалот свои штандови со специјалитети од риба најавија повеќе ресторани но и винарии….