Сениорскиот состав на Брера кој вчера попладне пристигна во Анталија Турција како дел од подготвителниот период за пролетниот дел од првенството, денеска го одработи првиот тренинг. Тренингот се реализираше на спортскиот комплекс на хотелот во кој сме сместени, кој располага со одлични услови и соодветна инфраструктура. Освен на физичката подготвеност се работеше и на техничко тактички план односно на воигрување на екипата што ќе биде примат на стручниот штаб предводен од стратегот Бојан Круљ и неговите помошници.
„Имаме добри услови за работа, добри терени, времето овде е одлично а атмосферата во тимот е добра. Наша цел е да се воиграме согласно тоа што го бара тренерот. Го одработивме првиот тренинг и полека се подготвувавме за она што следува во сезоната. Утре го имаме првиот натпревар. Важно е да не се повредиме“, кажа Цветановски и Ѓоргиевски кои се дел од првиот тим на Брера.
Инаку во Анталија Турција нашиот тим договори четири контролни натпревари од кој веќе утре го игра првиот и тоа со тимот на Верес од Украина. Овој натпревар се игра со почеток во 16 часот на теренот на хотелот или во 14 часот по македонско време.
Освен со украинскиот Верес, момците од Брера треба да одиграат контролни мечеви и со Черноморец Одеса, Рух од Полска и Атирај од Казахстан.