Aктивисти кои протестираат пред куќата на основачот и извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос, во Вашингтон, барајќи забрана за корпоративно делување, на местото на протестот донеле и гилотина.
Видеото објавено на „Твитер“ во неделата прикажува двајца демонстранти кои стојат веднаш до гилотината – симбол на неколку револуционерни движења од 19 век.
DC protesters have set up a “guillotine” in protest of Jeff Bezos in front of his complex in DC pic.twitter.com/VZ0AWTJqaV
— Drew Hernandez (@DrewHLive) June 28, 2020
„Кога сме загрозени и кога нашиот глас не се слуша, време е да повлечеме ножеви“, викна еден од демонстрантите на мегафон.
Поставен е и постер кој повикува на протести со парола што гласи:„Поддржeте ги сиромашните, а не богатите“.
извор: makfax