Фудбалерите на Академија Пандев ја забележаа десетатат првенствена победа откако денес на стадионот Младост со 3:0 ја надиграа Македонија ГП на стартот на пролетниот дел од шампионатот. Пандевци на теренот беа далеку подоминантни, поконкретни во акциите и убедливи со својата игра и веќе се на чекор да ја превземат втората позиција на прволигашката табела имајки во предвид дека ептен му се приближи на Вардара
Лупче Дориев во 12 татат минута од пенал го откри резултатот. Младиот Марио Крстовски во 63 минута сам ја заврши акцијата со гол од средината на теренот додека во 73 минута по асистенција на Дориев и неуспешноста Сашко Пандев да се запише како стрелец, Аце Стојков ја затресе мрежата на лавовите кои беа скротени од избраниците на Југослав Тренчовски
Вториот струмички прволигаш Беласица ремизираше кај Победа. Прилепчани поведоа а Пепи Ѓеоргиев донесе бод за струмичките сино бели