Веќе три месеци струмичани од населбите Карпош и Чифлик можт да селектираат отпад од пластика и лименки,за што добија од струмички комуналeц и соодветни садови. Околу 4500 килограми пластичен отпад и 1300 килограми лименки се собрани во кантите за селекција поставени во населбите.Навиката за селекција на отпадот полека почнува да влегува во домаќиствата, вели Бранко Ѓоргиев од комуналното предпријатије „Комуналец“.
Од комуналното предпријатије „Комуналец “се надеваат дека и во иднина откако ќе се распределаат садовите за селекција во целиот дел на градот Струмица, граѓаните ќе продолжат со исто темпо како останатите да го селектираат отпадот. Досега отпадот го селектираат 1200 домаќинства.