На 17 февруари (сабота), со почеток од 20:00 часот во НУЦК Антон Панов, пред струмичката публика премиерно ќе биде одиграна претставата „Петок 13-ти“.
Оваа комедија е приказна за една необична и неверојатна вечер во која се судираат среќата и несреќата, љубовта и омразата, пријателството и неверството. Приказна исполнета со контрасти, која се занимава со прашањата за значењето на среќата, парите, љубовта, пријателството и моралот. Приказна која покажува дека животот е непредвидлив и дека сѐ може да се промени во еден миг. Иако навистина делува неверојатно, јас ја гледам претставата како вистинска рефлексија на секојдневниот живот на обичниот човек.
Претставата е во режија на Никола Ристов, сценографијата и плакатот се на Филип Коруновски, а костимографијата е на Ванчо Василев. Играат актерите: Стојан Велков-Трн, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова и Ванчо Василев.
Билетите чинат 300 денари, а за ученици, студенти и пензионери 150 денари.