Верче Андонова со арапска техника која го научила во домот за деца и млади сега ја освојува Македонија. Денес заедно со членовите на здружението за лица со интелектуална попреченоcт Порака беше во посета на струмичката библиотека каде ги изложи своите дела .На изложбата присуствуваа и членовите Порака од Струмица како и посетители кои ја знаат работата и талентот на Верче.Таа порача дека попреченоста не и е пречка да твори и создава дела кои оставаат белег.
Посетата на Верче и организацијата за изложбата ја овозможи и Националната библиотека од Штип во соработка со струмичката библиотека Благој Јанков Мучето.
Директорката на струмичката библиотека вели дека вратите на оваа установа се секогаш отворени.
Пред посетителите ќе бидат изложени 200 дела работени во т.н. арапска техника. Таа е една од ретките, која го практикува оваа техника за која и самата таа дека е специфична но истовремено и убава.