• Fri. Nov 22nd, 2024

Велосипедско дефиле во Струмица по повод Светскиот ден без автомобили

Група велисипедисти денеска се собра на градскиот плоштад „Гоце Делечев“ во Струмица на дефиле по повод Светскиот ден без автомобили.

Велосипедистите од Струмица велат дека полека се менуваат навиките кај сограѓаните во однос на ова превозно средство, а тие преку повеќе активности водат кампања за промоција.

-Ние формиравме и координативно тело за да ги детектираме недостатоците и проблемите со кои се соочуваме како велосипедисти. Во насока на промоција организираме повеќе велосипедски тури. Може да забележам дека последниве години се зголемува бројот на луѓе кои го користат велосипедот, а со тоа и ризикот да учествуваат во сообраќајни незгоди. Затоа треба што поскоро да се изградат нови велосипедски патеки, вели Иван Андонов од велосипедскиот клуб „Актив“, Струмица.

Целта е да се зголеми јавната свест з акористењето велосипед и пешачењето.

-Сакаме да ги потсетиме граѓаните и да им ја зајакнеме свеста дека користењето велосипед и пешачењето треба да бидат секојдневие. Не треба само еднаш годишно да ја будиме свеста за зачувување на животната средина и сопственото здравје, туку овие навики да се применуваат секојднвено, рече вршителот на должност градоначалник на Општина Струмица, Костадин Костадинов, кој и самиот се вклучи во велосипедскиот хепенинг.

Денешниот настан е во организација на Општина Струмица, Еколошкото друштво „Планетум“ и велосипедскиот клуб „Актив“, а со него заврши и неделана на мобилност која годинава се одвиваше под мотото „Споделувањето те движи напред“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *