• Fri. Nov 22nd, 2024

Василево за 2018 година ќе има остварлив Буџет за инфраструктурни проекти вели градоначалникот Марјан Јанев

Буџетот за идната година на општина Васеилево е проектиран на околу 194 000 000 денари што е за околу 30 милиони помалку од годинашниов. Според градоначалникот Марјан Јанев намалувањето е направено за да биде реален и остварлив а не надуен. Основниот Буџет е проектиран на  околу 112 000 000 денари пари кои треба општината сама да ги обезбеди и со нив да менаџира . Ова е епилогот од седницата на Советот на Василево на која советниците од опозицијата во знак на солидарност на приведените партиски функционери ја напуштија седницата

,,Во Буџетот имаме предвидено средства за враќање на рати за кредити и позајмици земени од претходната локална самоуправа, а акцент ке се дадеме на реконструкција на водоводните системи, изградба на патишта и улици, канализации во поголемите населени места“, рече во своето образложение градоначалникот Јанев, кој посебно потенцираше дека овој Буџет е развоен, реален и остварлив бидејќи е направен врз основа на потребите на граѓаните на општина Василево

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *