Во Меморијалниот детски забавен парк Методи Митев, лоциран пред Домот на културата во населеното место Василево, како донација од пријателската Општина Умраније, Р.Турција беа поставени детски реквизити, лулашки, клацкалки и лизгалка.
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, го посети забавниот парк и беше сведок на многу детски насмевки.
„Со ова се подобруваат условите и се создаваат нови катчиња за најмладите каде ќе можат да го минуваат своето слободно време“, истакна тој.
Целта е Општина Василево да биде поубаво место за живеење за најмладите.