Викендов во Варварица беа одбележани историските настани, 74-годишнината од формирањето на Првиот околиски комитет на народно-ослободителниот младински сојуз на Македонија и Првиот Народно-ослободителен одбор за Струмица и струмичко. Сојузот на борците од Струмица со поддршка на локалната власт на Општина Васиелво го организира традиционалниот „Марш до Варварица“ и народниот собир.
Последниве години со инвестирање на приватниот сектор преку бизнисменот Симо Крстев во партнерство со општината, беа направени инфраструктурни зафати за заживување на ова напуштено село.
Втора година, меѓу гостите и е народниот правобранител Иџет Мемети.
На собирот во Варварица присуствуваше и премиерот Зоран Заев заедно со членовите на Мото клубот АТВ Струмица.