Фудбалскиот напаѓач Ване Крстевски (20 години), ќе ја продолжи својата кариера во Шкендија, Тетово. Тој пристигна во Брера од Штип и се придружи на клубот уште во 2019 година, заигрувајќи во младинските погони.
Во сениорскиот тим, Крстевски стана редовен првотимец почнувајќи во натпреварувачката сезона 2020/2021. Неговиот престој во Брера траеше четири сезони, за време на кои одигра вкупно 72 натпревари.
Во тој период, постигна 8 гола и направи исто толку асистенции. Во текот на актуелната сезона, Крстевски зад себе има 17 натпревари и 2 постигнати гола.