Општина Валандово ја објави јавната набавка за сообраќајно поврзување на Индустриска зона Раброво со Регионален пат Р-1105.
Проектот предвидува изградба на соодветна патна инфраструктура и поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.
Изведбата е финансирана од страна на Бирото за регионален развој и општина Валандово и изнесува 461.677 денари.
-Со негова реализација ќе се олесни пристапот до Индустриската зона и ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот, велат надлежните.