Податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, покажуваат дека Валандово, во однос на другите населени места во југоисточна Македонија, бележи најголем морталитет кај населението.
Поголемиот број на општини се во негатива, а меѓу нив и Валандово со -20.
41 е природниот прираст во Струмица, 8 во Радовиш, – 3 во Богданци, 1 во Босилово, -1 во Василево, -17 во Гевгелија, -9 во Дојран.
Статистиката во првото тромесечје годинава, покажува дека бројот на живородените деца во Македонија, во споредба со истиот период лани, е намален за 1.6 % и изнесува 5 255 живородени деца.