И годинава бугарските туристички центри се топ-дестинации за струмичани и граѓаните од Југоистокот кои да одат на зимување. Најпосакувана дестинација е Банско но не мал број заминуваат и за Боровец и Пампорово. Од туристичките агенции информираат дека близината и пристапните цени но и големиот избор на сместување се причините за зимување во Бугарија
Во споредба со минатата година, нема поголема разлика во цените. Така, аранжманите за полупансион во хотелите во Банско почнуваат од 30-тина евра дневно, а слични се и цените во хотелските комплекси на Боровец. Поевтино е на Пампорово, каде што полупансион во просек е околу 25 евра, а само за ноќевање и појадок може да се најдат и аранжмани по 20-тина евра. Има интерес и за Копаоник и за Златибор во Србија, каде што може да се најде сместување со појадок и за околу 40 евра или за полупансион од околу 100 евра.