Туристичките агенции од Западна Бугарија велат дека во деновите пред Велигден и за празникот не се очекува голем број на бугарски туристи да ја посетат Северна Македонија. Според нив запирањето на кратките екскурзии до Македонија се намалени поради строгата забрана за увоз на месо од земјава.
Пред две години граѓаните од западниот дел на Бугарија масовно купуваа јагнешко за Велигден од Крива Паланка, каде го набавуваа со два-три лева, односно со 30-60 денари поефтино за килограм.
Како што пренесува бугарски „Монитор“, забраната за увоз на македонско месо во Бугарија не е од вчера, но контролите се интензивирани поради зголемената побарувачка. Според надлежните од граничниот премин Ѓушево, последниве денови на неколку луѓе им биле конфискувани различни прехранбени производи меѓу кои сирење, јајца и месо