Пред само шест дена, оваа бројка беше двојно помала – половина милион. На почетокот од април, бројот ан заболени помина еден милион во светот и 50.000 починати. Досега, стапката на смртност е 5.1%.
Последниве 24 часа, во САД има преку 20 илјади ново заболени и 518 починати лица.
Во останатите три земји на самиот врв се и Италија и Шпанија со 4, односно 6 илјади новодијагностицирани позитивни на КОВИД 19 и по повеќе од 700 смртни случаи. Изминатото деноноќие висока била смртноста и во Франција и Велика Британија. Починале 471 лице во Франција и 569 во Британија.