66 годишна жена заболена со коронавирус е ставена на апарати за дишење. Нејзината состојба последните часови се влошила, но жената имала и други заболувања.
Тројца други заразени пациенти дишат кислород преку маски. нивната состојба не е толку лоша, но лекарите оцениле дека така е подобро за нивното лекување.
Со новите шест случаи на коронавирус, бројката достигна 19. Најголемиот дел се од Дебар и околината на Центар Жупа.
Првата заболена – нултиот пациент во Македонија е излекувана и в понеделник ќе си оди дома.