Брера Струмица викендов ќе ја заокружи првата фаза од подготовките за новата првенствена сезона, по што од понеделник заминува за Банско Бугарија каде ќе ја темпира формата и преку контролни пријателски натпревари.
Според програмата, во Банско Бугарија сениорскиот состав на „Брера Струмица“ останува до 22 јули каде ќе одработи и четири пријателски натпревари.
На 12 ти јули, Брера Струмица ќе биде тим предовден од италијанскиот стратег Валенти ќе се соочи со „Стеауа Букурешт“ од Романија. Пет дена подоцна силите ќе ги одмери со „Теута“ од Драч Албанија. Според планот на 21 ти јули игра со репрезентативниот состав на Киргистан кој исто така е на подготовки во Банско Бугарија а втората фаза ја завршува со пријателски натпревар со ,,Алтин Асир“ од Туркменистан кој е закажан на 22 јули.
Третата фаза до стартот на новата првенствена сезона ќе ја одработи во Струмица кога се планира и контролен натпревар.