Почна да се полни браната Паљуци кај Богданци чие ниво викендов падна на минималната точка заради што беа затворени вентилите за наводнување од ова брана. Министерството за животна средина ги вклучи помпите од системот Спас за дојранското езеро кај Ѓавато за дотур на вода во Паљурци . Во моментов браната се полни со 100 литри во секунда и се очекува дотурот со вода да се зголеми на 300 литри во секунда за да може ова недела се нормализира состојбата со браната кај Богданци.Заради затворените вентили за наводнвуање од Паљурци викендов реагираа земјоделците кои бараа интервенција на одговорните за полнење на браната за да имаат вода за околу 2000 хектари обработливи површини засеани со зеленчук и лозови и овошни насади. АД ,, Водостопанство,, на 13 јуни го извести министерството за животна средина дека браната ,,Паљурци,, е испразнета и мора да се интервенира со дотур на вода од системот Спас за дојранското езеро,, на кој е приклучена браната во случај на неповолни хидролошки услови