Владиниот портпарол Миле Бошњаковски рече дека саморегулацијата во медиумите ќе им ја остават на еснафските здруженија и во нивната работа немаат намера да се мешаат, единствено можат да дадат поддршка во процесите што би се воделе.
Ова беше дел од излагањето на Бошњаковски во рамки на денешната панел дискусија на тема „Тајните зад лажните вести“ во организација на Универзитетот Американ колеџ.