Младиот пингпонгар од Струмица Борис Секулов ќе ги брани боите на Македонската репрезентација која учествува на Балканското првенство во соседна Грција. Тој ќе настапува во индивидуална конкуреницја како и во конкуренција на двојки и мешани парови а заедно со своите младински колеги се најде во групата со Србија, Грција и Црна Гора
На Балканското учествуваа вкупно 150 пингпонгари од 11 балкански држави во кадетска и младинска конкуренција. Македонската селекција ја предвори Зоран Јовановски и ќе се обиде да направи изненадување од втор план.