• Mon. Nov 25th, 2024

БОМБАРДИРАНА ГРЧКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ВО ГАЗА: Во неа биле сместени раселените Палестинци

ByЃ. K.

Oct 20, 2023

Во израелски воздушен напад во текот на ноќта бомбардирана е грчката православна црква Свети Порфириј во Газа, во која беа сместени раселените Палестинци, објавија палестинските власти.

Израелската војска соопшти дека цел била команда и контролен центар на Хамас во близина и дека при тоа била предизвикана штета на ѕидот на црквата.

Грчката православна патријаршија во Ерусалим го осуди нападот и додаде дека „нема да се откаже од својата верска и хуманитарна должност“ да пружи помош.

Генералниот директор на болницата Шифа, Мухамед Абу Селмија, изјави дека десетици луѓе се повредени во нападот, но дека не може да го наведе точниот број на загинати бидејќи телата сѐ уште се под урнатините, пренесува АП.

By Ѓ. K.