Богданци ќе трпи штети од работењето на рудникот Казандол во Валандово. Прашината со тешки метали заради ветрот постојано ќе биде во ова општина. Затоа во недела да излеземе на референдум и да гласаме против рудници во овој дел од државата препознатлив по туризмот и земјдоелството. Ова беше пораката што ја упатија од синоќешната трибина Спас за Богданци и регионалната иницијатива Стоп за рудници во пресрет на референдумското изјаснување во недела
Рудникот Казандол има добиено концесија за експлоатација од 1500 хектари. Руда ќа се експлоатаира и од територијата на Богданци. Здруженијата тврдат дека само граѓаните можат да го стопира овој проект
Рударскиот комплекс Казандол и понатаму се гради.Според проекциите наесен тој треба да почне со ископ и производство на катоден бакар. Инвеститорот тврди дека и понатаму се шират невистини за нивниот процес на работа, потенцирајки дека овој рудник воопшто нема да ја загадува животната средина а камоли да наштети на земјоделското производство во Валандово и Богданци