Кандидатот за градоначалник на Сдсм од Богданци, Блаже Шапов е нов градоначалник на оваа општина. Според обработените податоци од страна Сдсм, кандидатот на оваа партија го победи противкандидатот на Вмро Дпмне, Никола Роглев со 2800 гласови наспроти 2030.
Според неофицијалните податоци, Шапов победува во првиот изборен круг и е нов градоначалник на општина Богданци.