• Fri. Nov 22nd, 2024

Благој Гуцев си даде оставка, Беласица не му ја прифати

Тренерот на струмичка Беласица Благој Гуцев, останува на кормилото на клубот откако не му е прифатена оставката која ја понуди по поразот во последната рунда на Втората лига

Струмичани загубија од Слога Виница (2-3), а Гуцев реши да ја поднесе одговорноста за лошите резултати и си поднесе отставка до раководството. Сепак, Беласица не му ја прифати, истакна дека и покрај се тој ја ужива довербата.

„На состанокот на управата на ФК Беласица АД, беше разгледена понудената оставка на шефот на стручниот штаб Благој Гуцев и беше одлучено едногласно дека не е прифатена истата. Гуцев ја ужива целосната доверба и ја има поддршката на управата, како и на фудбалерите и тој е нераскинлив дел од плановите за иднината на ФК Беласица и враќањето на клубот во ПМФЛ“, велат од раководството на струмичкиот клуб.

Беласица во моментов во единствената ВМФЛ се наоѓа на деветтото место на табелата. Сите се надеваат на поуспешна следна сезона, а желбите се еден ден култниот клуб да се врати во елитното друштво