Идниот месец собранието на акционери на ЗК Пелагонија АД Битола треба да го одобри купувањето на млекарата Здравје од Радово општина Босилово, објави порталот Е магазин повикувајки се на информации на Македонска берза.
ЗК Пелагонија АД Битола сака целосно да ја откупи ова млекара по цена од 12,6 милиони евра и тоа од Бетон Штип кој поседува удел од 49 проценти од главнината на Здравје Радово, од Орка Холдинг кој има удел од 34 проценти и од Цветан Панделески кој поседува 17 процентен удел
Штипски Бетон треба да добие 6, 2 милиони евра до крајот на 2018 година. Орка Холдинг за четири години треба да добие од продажбата 4,3 милиони евра додека Цветан Панделески 2,1 милион евра пишува порталот Емагазин.