Еurope House од Струмица, во соработка со Локалниот младински совет на Општина Гевгелија, организираат настан „BeActive – Вежбаме јога заедно“.
Бесплатниот час по јога е дел од активностите на Europe House од Струмица во рамки на одбележувањето на Европската недела на спортот, којашто ќе се реализира во ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, на 30 септември 2023 година, во периодот од 12:00 до 14:00 часот.
Целната група се млади на возраст од 15 до 29 години, но не се исклучува можноста часот да го посетат и останатите заинтересирани граѓани. Се што е потребно за часот, е носење чергиче или подлога за вежбање. Присуството да се пријави на следнава е-mail адреса: lms.gevgelija@yahoo.com.