Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25% во однос на одлуката од 29.09.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,615%, кај дизелот зголемување за 0,609%, кај екстра-лесното масло има намалување за 0,821% и кај мазутот намалувањето е за 0,998%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,178%.
Од 03.10.2023 година, од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин Евросупер БС-95 – 86,00 (денари/литар)
моторен бензин Евросупер БС-98 – 88,50 (денари/литар)
дизел-гориво Евродизел БС (Д-Е V) – 86,00 (денари/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 85,00 (денари/литар)
мазут М-1 НС – 48,660 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот Евросупер БС-95 се намалува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот Евросупер БС-98 се намалува 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на Евродизелот (Д-Е V) се зголемува 0,50 денари/л.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,055 денари/кг и сега ќе изнесува 48,660 денари/кг.