• Fri. Nov 22nd, 2024

Беласица утре со два натпревари одбележува 94 години постоење

Утре ФК Беласица ја одбележува својата годишнина од формирањето. По повод 94 години постоење ќе бидат одиграни два натпревари. Првиот ќе биде меѓу ветераните на Беласица со Тиверија додека вториот ќе биде официјален мегу сениорите на Беласица со Пелистер од Битола во рамките на Купот. Како што не информираше Славчо Васков Пинда дуелот меѓу ветераните е со цел фудбалерите кои настапувале за Беласица и Тиверија да се потсетат на годините наназад за развојот на двата клуба. Веднаш по тој дуел Беласица против Пелистер ќе го одигра Куп натрпеварот кој започнува во 17 часот на стадионот Младост. Од ФК Беласица ги повикуваат сите лубители на фудбалот да присуствуваат на натпреварот меѓу ветераните на Беласица и Тиверија а потоа и на Куп натпреварот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *