ФК Беласица Струмица се подготвува за втората полусезона во ВМФЛ и воедно најавува двајца нови талентирани играчи. Се засилува со двајца млади фудбалери од 2004 година, кои произлегуваат од Работнички, а се фокусираат на бековските позиции.
Лука Војнески, лев бек, пристигнува од Вардар, каде беше член минатата полусезона, но не успеа да се најде во основниот состав на „црвено-црните“. Пред тоа, настапуваше за Опатија и беше дел од Кожуф.
На десната бековска позиција, Борјан Попоски е новото засилување. Талентираниот играч потекнува од Скопје и се истакнал и во редовите на Борец и Слога.
Со турбулентна прва полусезона во ВМФЛ, Беласица се наоѓа на деветтата позиција и нема реални шанси за влез во борбата за елитата, бидејќи разликата во бодови е двоцифрена.