Фудбалерите на Беласица претрпеа пораз од актуелниот шампион на Македонија тетовска Шкендија. На стадионот Младост избраниците на Ќатип Османи славеа со 2:0. Емини и Тотре ги постигнаа головите за гостите.
Струмичка Беласица премногу го респектираше гостинскиот состав кој ја имаше доминацијата на теренот и во 28 и 48 минутаја погодија мрежата на Вујанац кој пак во 58 минута заработи црвен картон заради дуелот со Бејтулаи кој само пожолте.
Со играч помалку струмичките сино бели немаа шанса да направат изненадување против тетовчани
Пораз претрпе и Академија Пандев на гостувањето кај Шкупи. Стрелец на голот за домаќините беше Ангелов кој најдобро се снајде пред голманот Чубраковиќ