Владата најавува казни за компаниите кои во криза се богатат на грбот на граѓаните. Анализата, која до крајот на месецов ќе биде готова, ќе покаже кои се тие кои држат се уште неосновано виоки цени на производите, па нив ќе им се одземе државната помош која ја користат, пренесе ТВ24
Прва на удар ќе биде субвенционираната струја, која ЕСМ веќе трет месец им ја обезбедува на прехранбените компании, а која се плаќа со народни пари.
Бектеши вели дека за ова се запознати и стопанските комори, со кои се разговарало на дневна основа. Од друга страна, бизнисмените велат, за различни производи, влијанието на струјата врз цената е различно. Румен Смилевски, кој е дел од раководството на велешка Маслодајна, а воедно е и еден од најголемите увизници на брашно во земјава, очекува дополнително намалување на цените во следниот период, оти сметките со пониска цена на струјата фирмите ги добиле пред неколку недели.