Слободното движење на стоките, слободна трговија со услугите, отстранување на пречките во трговијата со стоките и услугите, дополнителниот протокол 7 за решавање на споровите, како и институционалниот развој на структурите се главните приоритети на македонското претседавање со Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) во 2021 година.
„ Примената на ЦЕФТА договорот и активностите предвидени во Акцискиот план на Заедничкиот регионален пазар 2021-2024, се основи врз кои се темели македонското претседавање со ЦЕФТА“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешната презентација на програмата за претседалелството на ЦЕФТА од страна на Северна Македонија пред генералниот директор на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ, амбасадорите на земјите членки на ЦЕФТА и претставници од Европската комисија во Брисел.
Toj информираше дека клучниот столб на нашето претседавање е трговијата, а овој столб има главна цел олеснување на слободното движење на стоки, капитал, услуги и луѓе меѓу земјите на ЦЕФТА со цел да се овозможи просперитет и благосостојба за сите граѓани.