• Fri. Nov 22nd, 2024

Бачовски: Преку мерката Млад земјоделец младите и невработени лица до 40 години ќе можат да си отворат сопствен бизнис во сектор земјоделство

ByВане Трајков

Jul 29, 2021

Младите кои имаат до 40 години а се занимаваат со земјоделство или имаат бизнис идеа во секторот земјоделство, од денеска  до 29 август 2021  година, ќе можат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку мерката 112 „ Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“, или во јавноста попозната како Млад земјоделец. Корисници на оваа подддршка може да бидат сите кои имаат до 40 годиншна возраст, регистрирани како индивидуални земјоделци согласно законот за вршење на земјоделска дејност и законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Максималната прифатлива поддршка за инвестиција изнесува до 600.000,00 денари или до 10 илјади евра по корисник а барателите поддршката може да ja искористат за започнување на земјоделска дејност, односно за инвестиции во опрема за преработка на земјоделски и производи од животинско потекло, како и за отворање на соспствен агро –  бизнис. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски инфирмира дека :

„Доделената финансиска поддршка е неповратен грант. Фокусот на оваа мерка е насочен кон лицата на кои земјоделството им е примарна дејност. Финансирањето од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година се врши врз основа на одобрено барање за користење средства од Програмата и склучен Договор за финансиска поддршка за одобрена инвестиција. Исплата на средства се врши согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќа на годишно ниво во најмногу три рати. “- информира директорот  Бачовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *