• Sat. Nov 23rd, 2024

БАС Струмица со злато и бронза во Србија – Ахтaров со пехар како најдобар кај најмладите

Баскет Академијата од Струмица го привлече вниманието на сите кошаркарски работници пристуни на ,,Рода купот,, во Бечеј Србија откако нивните најмлади кошаркари, турнирот го завршија без пораз. Генерацијата 2004-2005 во сите натпревари забележаа победи и се закитија со златни медали. Екипата во состав Алексиќ, Ахтаров, Зимбаков, Урдинов, Грнчаров, Атанасовски, Кршков, Тасев  оставиле силен впечаток не само кај организаторите туку и кај тренерите на сите тренери кои работат со најмлади состави пристуни на ,,Рода Купот,,. Од страна на организаторите како најдобар меѓу најмладите во БАС бил прогласен  Душан Ахтаров  за што му врачиле пехар.

Најмладите на БАС на овој турнир покажаа дека имат борбен дух и желба за победа. Не потклекнаа пред ниту еден состав. Од страна на оргнизаторите на ,,Рода Купот,, беа потенцирани дека се тим кој има колективна игра и дека од ова генерација на млади кошаркари може да се очекува многу

Не полоши беа и останатите два тима со кој  Баскет Академијата од Струмица  настапија на овој турнир.  Генерацијата 2003 предводена од Антонио Иванов ја освои бронзата а бронза освоија и кошаркарите генерација 2000-2001 предводена од Петар Настев

Според пишувањата на локалните медиуми од Бечеј Србија, струмичките кошаркари се покажале во одлично светло и преставуваат огромен потенцијал на македонската кошарка

zlatni medali   use edna ekipa

pehar peharotcela mladi

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *