• Sun. Nov 24th, 2024

Ахмети – Лудва: Поддршката од Чешка да се засили

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети денес оствари средба со Јарослав Лудва, новиот амбасадор на
Чешката Република во Скопје.

Претседателот Ахмети упати честитки за изборот на новиот амбасадор при што му посака успешна работа и изрази надеж дека неговиот ангажман ќе придонесе во зацврстувањето и унапредување на билатералните односи меѓу двете земји.

Ахмети и Лудва разговараа за предизвиците со кои се соочуваат двете земји и регионот, како и најновите случувања на политичката сцена во земјата и воената криза во Украина, додека двајцата соговорници ја осудија воената агресија на Руската Федерација врз територијата наж Украина.

Претседателот на ДУИ Ахмети, укажа дека континуираната поддршка што ја добиваме од Чешката Република на евроинтегративниот пат очекува да биде засилена за време на чешкото претседавање со Советот на ЕУ, кое се очекува да започне на 1 јули оваа година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *