• Fri. Nov 22nd, 2024

АФПЗРР денеска изврши исплата на директните плаќања за оддржување на лозови насади

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска изврши исплата на директните плаќања за оддржување на лозови насади.

Со исплатата се опфатени 14.830 лозаропроизводители за кои се одвоени 597 милиони денари.

АФПЗРР во следниот период ќе ги интензивира активностите во поглед на исплата на субвенциите за 2022 и 2023 како важна државна поддршка за оддржување и зголемување на земјоделското производство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *