Продолжува ракометниот шампионат на Македонија во Прва лига, каде Струмица има свој преставник. Станува збор за РК ,,Астраион,, кој ова година пријави екипа во прволигашкото друштво а ждрепката посака да играат во групата Б. Веќе утре во салата Парк со почеток во 18 часот и 30 минути ја пречекуваат екипата на Ринија М од Скопје
Станува збор за третото првенствено коло во кое струмичките надежи ќе атакуваат на првата прволигашка победа откако не успеа во дуелите со Македонија ГП во Скопје и против Текстилец во Штип.
Во првото коло беа поразени со 23:21 од тимот на Македонија ГП иако одлично се држеа во текот на целиот натпревар. Астраионци во овој деул имаа одлична завршница но не успеа да направат резултатски пресврт
Во второто коло струмичките надежи во Штип против Текстилец ја имаа победата, но во финишот не успеаа да се одбранат и мораа да се задоволат со нерешен исход 22:22 кога мораа да се задоволат со еден бод
Но утре во салата Парк играат на свој терен и веруваат во подршка од публика на трибините против Ринија која има една победа и еден пораз. Младите струмичани најавуваат дека ќе одиграт максимално за да го вратат сјајот на ракометот во Струмица но и да ја прокнижат првата првенствена победа