Кадетите на РК,, Астраион,, од Струмица од натпревар во натпревар влегуваат во се подобра форма и стануваат главни конкуренти за првата позиција во групата 1 од кадетското ракометно првенство на Македонија. По Борец и Велес ,, астраионци,, ја забележаа и третата победа во ова натпреварување. Пред повеќе стотици посетители, ракометарите родени 2000 тата година на струмичкиот ракометен клуб, брилираа и со пораз го испратија своите врсници од Свети Николе ,,Лазарови,, кои дома си отидоа со резултат 31:19 а станува збор за школа потикната и подржана од големото ракометно име Кире Лазаров
Победата на ракометните надежи од Струмица во ниту еден момент не беше доведена во прашање оти на голот блескаа Гогов и Перованивиќ а во нападот свои шоуа имаа сите нивни колеги. Со брза динамична игра и со многу комбинации постигнаа дури 31 гол. Славе Јанковски десетпати беше прецизен, Кавазов постигна 6, Велков 4, Котевски 3 а по два гола постигнаа Стојанов, Нурев, Касапов а мрежата на ,,Лазарови,, ја затресоа и Каракалашев и Катранџиев
Ова е трета победа на ,,Астраион,, кој ова сезона битката за плеј оф ќе ја бие со Текстилец од Штип и Тороспорт од Скопје, екипи кои исто така се со максимален учинок. Следното коло младите струмичани патуваат кај Радовиш каде се фаворити.